Ги забетонираа, па ги ослободија дрвјата на кеј по јавните реакции

На кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје, неколку дрвја вчера беа забетонирани. Набрзо по бурните реакции на социјалните мрежи, градските служби излегоа на терен, со хилти го раскопаа бетонот и досипаа земја.

Бетонирањето на дрвјата предизвика остри реакции меѓу граѓаните и активисти за заштита на зеленилото, кои побараа од градоначалникот Петре Шилегов да го провери работењето на изведувачот и односот кон дрвјата.

Фото: Заробени дрвја на кеј/Радио МОФ

Фото: Заробени дрвја на кеј/Радио МОФ

Тие ги потсетија градските власти на нивните ветувања од пред две години дека ќе се заложат да ги ослободат израснатите и квалитетни дрвја, заробени од нестручно изведени градежни активности на јавни површини.

Инаку, во тек е реконструкција на кејот од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Се уредува површина од околу 12.500 квадратни метри, а за тоа се одвоени 88.6 милиони денари.