Активисти во нова утринска герила акција поставија платно во Скопје на кое е испишана паролата #Протестирам за да не емигрирам“. Ова е уште една од низата слични акции за поддршка на протестите кои секој ден во 6 часот попладне, втора недела се организираат во Скопје.
Вчера пак наутро слично платно со слоганот „Доста беше молк“ беше поставен на подвозникот пред домот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
И денеска од иницијативата Протестирам најавија протестот во Скопје, но и во повеќе градови низ Македонија.