Геј парада во Белград под мотото „За промена“

Белград утрово осамна во боите на виножитото и силно полициско обезбедување поради најавената геј парада во центарот на градот. Првите учесници почнаа да се собираат околу 10 часот, по што почна да се веат знамињата во боите на виножитото, шарени балони, музика и околу 300 учесници кои се собраа на „Цветниот прооштад“, од каде тргнува парадата под мотото „За промена“, јавуваат српските медиуми.

Парадата ќе ја отвори турбо фолк пејачка, Јелена Карлеуша, по што ќе почне парадирањето низ Белград. Дел од парадата е најавено дека ќе биде и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Таа отворено говори дека е лезбејка, а веќе учествуваше и на минатогодишната геј парадата во Белград, како министер за државна администрација.

Претходните геј паради во српската престолнина останаа запаметени со насилствата по улиците, па затоа денешната парада се организира под строги безбедносни мерки.