[Галерија] Турист „фати“ борба на крокодил и ајкула во Австралија

Туристот Andrew Paice, кој со своето семејство бил во австралиската Северна територија, успеал да направи фотографии од несекојдневна сцена – борба меѓу крокодил и ајкула.

[Галерија] Турист „фати“ борба на крокодил и ајкула во Австралија

На очиглед на стотина туристи кои гледале од брегот, крокодилот Брут (Brutus), долг преку пет и пол метри, налетал на бик-ајкула, која пливала во устието на реката Аделаида. Морскиот крокодил, кој и покрај името може да живее во слатка вода, е најголемиот влекач на светот, а мажјаците можат да достигнат речиси седум метри должина и тежина од два тони.

[Галерија] Турист „фати“ борба на крокодил и ајкула во Австралија

Брут е омилениот крокодил на ова место, каде туристите често доаѓаат да гледаат како се храни. Но, сцената која следела ги зачудила дури и локалните водичи, кои велат дека не виделе ништо слично.

[Галерија] Турист „фати“ борба на крокодил и ајкула во Австралија

Бик-ајкулите можат да живеат и во солена и во слатка вода, а често се случува да пливаат длабоко по теченијата на реките. Тие сакаат топла и плитка вода, а се сметаат за одговорни за најголем дел од нападите ајкули врз луѓе во светот.

[Галерија] Турист „фати“ борба на крокодил и ајкула во Австралија

[Галерија] Турист „фати“ борба на крокодил и ајкула во Австралија

Авторот на фотографиите Andrew Paice е на долго патување низ Австралија со семејството.

Авторот на фотографиите  Andrew Paice е на долго патување низ Австралија со семејството

Извор