Што претставува слободата за вас?

Како изгледа слободата низ светот? БиБиСи го постави ова прашање за 2014 година и доби илјадници одговори и фотографии.

Одговорите уште еднаш покажаа дека слободата може да се пронајде насекаде, од најмалите нешта, па се до најдлабоките размислувања. Погледнете ја галеријата и објаснувањата во продолжение:

11

Млад пар го инспирираше 20-годишниот Lukas Koutny од Барселона.

„Моментот кога таа го погали по лицето, беше оној кога јас ја направив сликата. Слободата на еден човек завршува онаму каде што таа почнува за другиот“.

1

Danielle, 20, ја направила фотографијата во Индијанаполис.

„ Оваа слика е поглед кон слободата. Човекот овде не е навистина слободен во САД. Тој е доведен тука како дете, нелегално, а сега ги работи најтешките работи за да има чесен живот.”

2

Студентката Rizmi Tahir, 20 ја направи оваа фотографија во болница во Карачи, Пакистан.Таа вели дека иако ја сака својата работа, нејзините денови се зафатени.

„Најсреќниот дел од денот е кога конечно си одам дома за да се одморам“.

3

Слободата е взаемна почит меѓу животните и луѓето, вели младата Французинка Karina Boissonnier.

4

Inzmam Javed користел тајмер за да ја „фати“ оваа слика од себе си во градината во Пакистан.

„Иако светот се развива светот, мојата земја Пакистан избра да остане чекор поназад. Слобода за мене е овој начин на живот“, вели тој.

5

Студентката Jhana Tshong, 22 вели: „ Кога доаѓам дома во Paro Valley, во Бутан се чувствувам најслободна. Тоа е мојата земја, мојот идентитет, мојата слобода“.

6

За 16-годишната  Sadie Cornette Cook, од Северна Каролина, слобода овозможува да се направи невозможното.

„Ако еден брод играчка може да плови под мостот, тогаш секој од нас може да стори се. И тоа е слободата“.

 7

Syed Arslan Bukhari ја направи оваа фотографија во Пакистан.

„Тој е слободен од сите грижи дека треба да постигне нешто повеќе и е задоволен од она што му се случува“, вели 25-годишниот фотограф.

9

„Сакав да прославам дека имам можност да бидам слободен во еден мошне брз град кој реално не е мошне достапен за корисниците на инвалидска количка“, вели Murray Siple, Канаѓанец кој патувал во Банког. 

10

Слободата значи дека може да танцуваш со радост, со оние кои ги сакаш, во текот на целиот ден“, вели 50-годишната Sandra Robinson, која ја направила фотографијата во Тоскана, Италија. 

_73684081_brian_johnson_naked_mountain_scotland

„Растеката извештаченост на општеството прави голема штета на децата и младите кои се учат дека има нешто срамно во човечкото тело“, вели 63 годишниот Brian Johnson, снимен како планинари во Шкотска.

Извор: БиБиСи