[Галерија] Разгледници од пеколот: држави во кои се живее најлошо

Сите држави – ​​дури и најголемите – се соочуваат со одреден степен на нестабилност. Но, потребна е сложена мешавина на фактори – од болести и бедна сиромаштија, до тероризам и најразлични конфликти – за една земја да ја заработи ознаката “кревка држава”. 12-те економски, социјални и политички индикатори констатирани и во последниот Индекс на кревки држави (Fragile State Index (FSI)), покажаа резултати кои укажуваат на тоа дека иако сите држави се соочуваат со предизвици, некои се со многу мали шанси да се изборат со нив.

Годинешниот индекс оценува 178 земји и ја рангира секоја по нејзиниот вкупен резултат (колку е повисок резултатот, толку е послабо рангирана државата). На листата за 2014 година, девет од топ 10-те држави на листата ја одржале нивната несреќна позиција. Оваа галерија од фотографии отсликува сцени на конфликти и трагедии, но и моменти на тивка отпорност, во 50-те најкревки држави во светот.

Забелешка: некои од следниве слики содржат графички содржини. 

Јужен Судан

Јужен Судан, кој е високо на листата на најкревки држави од неговото раѓање како нација во 2011, скокна на местото број 1 оваа година, што се должи на бруталниот граѓански конфликт во земјата. Додека новата нација се соочи со политички и економски борби, откако обезбеди независност од Судан пред три години, зимата во 2013-та година беше пресвртна точка за полошо. Тој декември, судири меѓу силите лојални на претседателот Салва Кир, член на етничката група Динка и неговиот поранешен заменик-претседател, Riek Machar, на Nuer, ја воведоа земјата во етничко насилство и во брутална граѓанска војна која остави илјадници мртви и повеќе од  милион раселени.

Сомалија

Сомалија покажа подобрување оваа година и конечно го напушти врвот на листата на најкревки држави, кој претходно го окупираше цели  шест години. Иако ова може да изгледа како мала промена во рангирањето, тоа се одразува на позитивни случувања кои пуштија корени во оваа бурна источноафриканска земја. Во 2013-та година се виде најниското ниво на пиратерија - за која водите во близина на Рогот на Африка се познати - од 2006 година. Напорите за обнова го фатија окото на странските инвеститори, кои се надеваат дека ќе профитираат со изградбата на пазарот со висок ризик. Како што се повеќе Сомалијци, кои претходно ја напуштиле својата земја почнуваат да се враќаат, главниот град, Могадишу, денеска е центар во кој има ресторани, туризам, па дури и TEDx разговори - што се гледа како знак на нормализација. Но, политичката нестабилност и натаму го погодува поголемиот дел од земјата надвор од главниот град, а организацијата Ал-Шабаб, поврзана со Ал Каеда и натаму напаѓа во делови на Сомалија.

Сомалија покажа подобрување оваа година и конечно го напушти врвот на листата на најкревки држави, кој претходно го окупираше цели шест години. Иако ова може да изгледа како мала промена во рангирањето, тоа се одразува на позитивни случувања кои пуштија корени во оваа бурна источноафриканска земја. Во 2013-та година се виде најниското ниво на пиратерија – за која водите во близина на Рогот на Африка се познати – од 2006 година. Напорите за обнова го фатија окото на странските инвеститори, кои се надеваат дека ќе профитираат со изградбата на пазарот со висок ризик. Како што се повеќе Сомалијци, кои претходно ја напуштиле својата земја почнуваат да се враќаат, главниот град, Могадишу, денеска е центар во кој има ресторани, туризам, па дури и TEDx разговори – што се гледа како знак на нормализација. Но, политичката нестабилност и натаму го погодува поголемиот дел од земјата надвор од главниот град, а организацијата Ал-Шабаб, поврзана со Ал Каеда и натаму напаѓа во делови на Сомалија.

Централноафриканска Република

Централноафриканската Република се најде за шест места погоре на ранг-листата оваа година поради проширувањето на верскиот конфликт што ја втурна земјата во страшен циклус на хаос и крвопролевање. Во март 2013 година, Seleka (што значи "сојуз", во Sango, главен јазик во КАР), муслиманските бунтовници од маргинализираните североисточно дел од земјата, ја презедоа контролата врз главниот град, Банги, соборувајќи го претседател Francois Bozizé. На Seleka по преземањето и следеа масакри предводени од насилна серија на напади и контранапади, кои траеја околу 15 месеци. Муслиманите, кои сочинуваат околу 15 проценти од населението во земјата, станаа цел на христијанскитe милиции, кои се нарекуваат анти-Balaka, или „мачете," сили. Брутални масакри на муслиманите од страна на христијаните предизвикаа десетици илјади муслимани да ја напушти земјата: Ова „де факто етничко чистење", како што е означено од организациите за помош, доведе до раселување на околу една четвртина од 4,6 милиони луѓе во земјата .

Централноафриканската Република се најде за шест места погоре на ранг-листата оваа година поради проширувањето на верскиот конфликт што ја втурна земјата во страшен циклус на хаос и крвопролевање. Во март 2013 година, Seleka (што значи “сојуз”, во Sango, главен јазик во КАР), муслиманските бунтовници од маргинализираните североисточно дел од земјата, ја презедоа контролата врз главниот град, Банги, соборувајќи го претседател Francois Bozizé. На Seleka по преземањето и следеа масакри предводени од насилна серија на напади и контранапади, кои траеја околу 15 месеци. Муслиманите, кои сочинуваат околу 15 проценти од населението во земјата, станаа цел на христијанскитe милиции, кои се нарекуваат анти-Balaka, или „мачете,” сили. Брутални масакри на муслиманите од страна на христијаните предизвикаа десетици илјади муслимани да ја напушти земјата: Ова „де факто етничко чистење”, како што е означено од организациите за помош, доведе до раселување на околу една четвртина од 4,6 милиони луѓе во земјата .

Демократска Република Конго

Оваа голема земја богата со ресурси веќе долго време е во центарот на регионалната нестабилност (шест од деветте земји со кои се граничи ДР Конго се во првите 50 на листата на кревки држави). Во март 2013 година, воениот и бунтовнички лидер Bosco Ntaganda и се предаде на Амбасадата на САД, поради што  антивладините паравојници од групацијата M23 - кои претходно извршуваа операции во источниот дел на земјата - под негово раководство го положија оружјето и потпишаа мировен договор. Сепак, иако ова помогна да се смири насилството што ја мачи земјата уште од 1990, бројни други вооружени групи продолжуваат да извршуваат напади врз цивили, како и врз  безбедносните сили на земјата.

Оваа голема земја богата со ресурси веќе долго време е во центарот на регионалната нестабилност (шест од деветте земји со кои се граничи ДР Конго се во првите 50 на листата на кревки држави). Во март 2013 година, воениот и бунтовнички лидер Bosco Ntaganda и се предаде на Амбасадата на САД, поради што антивладините паравојници од групацијата M23 – кои претходно извршуваа операции во источниот дел на земјата – под негово раководство го положија оружјето и потпишаа мировен договор. Сепак, иако ова помогна да се смири насилството што ја мачи земјата уште од 1990, бројни други вооружени групи продолжуваат да извршуваат напади врз цивили, како и врз безбедносните сили на земјата.

Судан

Иако тоа не е случај во изминатите години, Судан помина подобро во овогодинешната ранг- листа од својот јужен сосед – иако не со многу. Во 2013 година, кога граѓанскиот конфликтво Јужен Судан предизвика нарушување на производството на нафта, суданската влада престана со субвенционирање бензин, предизвикувајќи двојно зголемување на цените на горивата. Зголемувањето доведе до бран на смртоносни антивладини протести во главниот град Картум. Според некои проценки, околу 800 активисти и новинари биле уапсени од владата, а 200 од нив биле убиени. Додека тензиите меѓу Судан и Јужен Судан се смирија поради соработка во производството на нафта, бунтовниците по должина на јужната граница продолжуваат да се закануваат со нестабилност. Речиси една деценија по брутална војна во Дарфур која доведе до раселување на милиони луѓе од Судан, нестабилниот регион виде пораст на насилството меѓу бунтовниците и централната власт во 2013 година, што доведе до раселување на речиси 300.000 луѓе – повеќе отколку во претходните две години.

Чад

Чад страда на многу начини од својата несреќна локација, се наоѓа среде нестабилни соседи, а има и своја бурна политичка историја. Ескалацијата на насилството во регионот Дарфур во Судан во текот на изминатата година предизвика повеќе од 300.000 бегалци да се прелеат преку границата, додека зголемувањето на верското насилство во Централноафриканската Република  донесе 10.000 бегалци во Чад. Армијата на Чад, пак,  е многу важна за мировните напори во регионот - војници од Чад се распоредени  во Централноафриканската Република и во северниот дел на Мали. Претседателот на ЦАР го обвинува Чад дека всушност сака да да ја дестабилизира неговата земја и делумно да ги спречи да го развиваат производството на нафта која се наоѓа на границата на двете земји.

Чад страда на многу начини од својата несреќна локација, се наоѓа среде нестабилни соседи, а има и своја бурна политичка историја. Ескалацијата на насилството во регионот Дарфур во Судан во текот на изминатата година предизвика повеќе од 300.000 бегалци да се прелеат преку границата, додека зголемувањето на верското насилство во Централноафриканската Република донесе 10.000 бегалци во Чад. Армијата на Чад, пак, е многу важна за мировните напори во регионот – војници од Чад се распоредени во Централноафриканската Република и во северниот дел на Мали. Претседателот на ЦАР го обвинува Чад дека всушност сака да да ја дестабилизира неговата земја и делумно да ги спречи да го развиваат производството на нафта која се наоѓа на границата на двете земји.

Авганистан

Авганистанскиот пласман на индексот останува тврдоглаво непроменет од претходните години, а тој и натаму е земја која се бори со внатрешно насилство и има кревки владини институции. Уште од американската инвазија во 2001 година  во Авганистан немало толку многу граѓани кои ја напуштаат земјата, која е уништена не само од Талибанците, туку и од корупцијата. Иако американските и коалициските жртви се намалија во 2013 година, значителен е порастот на загинати авганистански војници и цивили.  Меѓународните сили се подготвуваат да се повлечат и авганистанските сили прават планови да ја преземат водечката улога во борбата против талибанците и другите бунтовници. И покрај искористувањето на милијарди долари странска помош што влегоа во земјата во текот на изминатата деценија, ефектите од економскиот пад се веќе видливи. Во 2013 година, производството на опиум во земјата достигна рекордно ниво, зголемување од речиси 50 отсто, според проценките на Обединетите нации.

Јемен

Оваа година се одбележува крајот на двегодишниот период на транзиција во Јемен, обележана со коалицијата за управување и мировните преговори со цел евентуален договор за новиот устав, по оставката на долгогодишниот претседател Али Абдула Салех во 2012 година. Но, верските судири меѓу владините сили, сунитските и шиитските бунтовници Хоути го погодија северниот дел од земјата,  додека јужниот, богат со нафта и понатаму продолжува да бара автономија од Сана. Во меѓувреме, милитантите на Ал Каеда продолжуваат да организираат напади против владата, а САД со програмата на дронови останува активна во земјата . Во прилог на загриженоста за безбедноста, разни хуманитарни кризи продолжуваат во Јемен. Повеќе од половина од Јеменците живеат под линијата на сиромаштијата и недоволен пристап до основни услуги, вклучувајќи безбедна вода за пиење и здравствена заштита.

Хаити

Хаити е најсиромашната земја во северната хемисфера и настаните од 2013 не беа нежни кон оваа мала нација. Насилниот вид на колера за која се тврди дека била донесена од страна на мировниците на ОН во 2010, земјотресите кои продолжуваат да одземаат животи, како и недостатокот на пристап до основните потреби во Хаити, како што се чиста вода и храна, и натаму беа голем проблем. Вкупниот број на случаи на колера надмина 700.000 во април 2014 година, и ги одзеде животите на повеќе од 8500 жители на земјата. Иако во 2013 видовме мали подобрувања во областа на здравството и основното образование, Хаити - кој во 2011 беше прогласен за земја со најголем ризик од климатските промени, многу лесно може да се најде на милост и немилост на природните катастрофи.

Хаити е најсиромашната земја во северната хемисфера и настаните од 2013 не беа нежни кон оваа мала нација. Насилниот вид на колера за која се тврди дека била донесена од страна на мировниците на ОН во 2010, земјотресите кои продолжуваат да одземаат животи, како и недостатокот на пристап до основните потреби во Хаити, како што се чиста вода и храна, и натаму беа голем проблем. Вкупниот број на случаи на колера надмина 700.000 во април 2014 година, и ги одзеде животите на повеќе од 8500 жители на земјата. Иако во 2013 видовме мали подобрувања во областа на здравството и основното образование, Хаити – кој во 2011 беше прогласен за земја со најголем ризик од климатските промени, многу лесно може да се најде на милост и немилост на природните катастрофи.

Пакистан

[Галерија] Разгледници од пеколот: држави во кои се живее најлошо

Пакистан ја започна 2013 ветувачки. За првпат во бурната историја на земјата, се виде успешна транзиција од една демократски избрана влада на друга. Сепак, една година подоцна, атмосферата на оптимизам што ги опкружуваше изборите, бледнее брзо. Верското насилство продолжува, да ја потресува земјата. Нападите врз џамии и аџии редовно целат врз шиитското малцинство во земјата, особено во западниот пограничен град Квета, во провинцијата Балучистан. Во меѓувреме, мировниот процес меѓу Владата на Шариф и пакистанските талибанци (ТТП) направи многу малку за да го запре насилството врз Пакистанските безбедносни сили.

Извор: Foreign Policy

Превод: М.К / И.Ч.