[Галерија] Поглед од горе: Симетријата на градовите преку дрон

Корисниците на Инстаграм од целиот свет ја користат технологијата на дроновите за да направат нови перспективи на нивните градови. Гардијан направи фотогалерија во која се прикажани некои од највпечатливите примери, со коментари од авторите.

Парк Ла Бреа станбена зона, Лос Анџелес, САД

„Барав интересни композиции преку Google Earth и потоа се упатив кон Западен Холивуд за да ја направам оваа фотографија“ – Тери (asteryx)

Шангај, Кина

Од Ник Чу (nk7)

Плоштадот Трокадеро, Париз, Франција

„Бидејќи немав дозвола да го летам дронот, морав да бидам многу внимателна. Го управував од другата страна на реката блиску до Ајфеловата кула. Се упатив над Палао де Шало и барав правилна перспектива“ – Марина Верникос (mvernicos)

Подвижен мост, Клаипеда, Литванија

„Секој јули, во Клаипеда се одржува Си Фестивал (Sea Festival), на кој се собираат повеќе од половина милион посетители од целиот свет. За време на фестивалот сите мостови во градот се подигаат на некое време. Минатото лето го летав дронот над еден од нив и го фотографирав од необична перспектива“ – Каролис Јанулис (karolis.jay)

Вила 31, Буенос Аирес, Аргентина

Од Але Петра (alepetra_)

Акра, Гана

„Сообраќајниот метеж е долг цел ден во Акра!“ – Офентсе Мвасе (unclescrooch)

Надвозникот на Лејк Шор, Чикаго, САД

„Во пролет и лето, Sea Dog нуди крстарења на нивните големи жолти брзи бродови низ реката Чикаго. Сакав да го уловам погледот надолу на нив како поминуваат под мостот“ – Разван Сера (razdood)

Пазарот Галвани, Барселона, Шпанија

„Во соседството Сент Жерваси“ – Аквил Пировано (jacktheartist)

Гуангжу, Кина

Од Ник Чу (nk7)

Нагоја, Јапонија

„Отпатував во Нагоја од Токио со неколку пријатели и ја направив оваа фотографија со дрон на 120 метри височина за да прикажам како градот се променил низ времето“ – Јудаи Гото (yudai_goto)

Чонгќинг, Кина

Од Ник Чу (nk7)

Саут Бич, Мајами, САД

Од Витали (panvelvet)

Вампоа, Хонг Конг

„Хонг Конг е еден од најгустите градови на планетата, одлично место за фотографии од високо. Летајќи над Хонг Конг има сосема нов поглед на градот за уживање – низа на прекрасни мрежи и шаблони и некои изненадувања закопани во сето тоа. Овој „брод“ кој наизглед е заробен во средина на стамбениот комплекс Вампоа, всушност е трговски центар“ – Берни Нг (itsbernie81)