[Галерија] Најдобрите фотографии од биофото конкурсот „Флора и Фантазија“

Истражувачкото друштво на студенти биолози ги избра најдобрите фотографии од единаесеттиот биофото конкурс на тема „Флора и Фантазија“.

Главен мотив на фотографиите за конкурсот се диворастечките растенија од Македонија. Оваа година се фотографираа членестостеблените растенија (SPHENOPSIDA) и папратовидните растенија (PTEROPSIDA) – со своите три оддели: папрати (FILICINAE), голосемени (GYMNOSPERMAE) и скриеносемени растенија (ANGIOSPERMAE).

Од ИДСБ апелираат дека македонските значајни растителни подрачја (ЗРП) треба да добијат поголем степен на заштита. Во С. Македонија постојат 42 ЗРП кои сочинуваат 18% од вкупната територија на државата, но само 13 од нив се заштитени на национално ниво

Најдобрите фотографии беа избрани преку гласање на Фејсбук и од комисија составена од претседателството на Истражувачкото друштво на студенти биолози, професори по биологија и од професионални фотографи. Фотографиите изминатиов викенд беа изложени во „ShortBus“

Во продолжение погледнете дел од најдобрите фотографии на овогодишниот конкурс:

Прво место – Автор: Сара Јовановска (Alchemilla sp. – гутација. Локалитет: Јелак, НП Шар Планина – ЗРП 42)

Второ место – Автор: Ивана Темелкоска (Stellaria cf. graminea Локалитет: Голема Ливада, НП Пелистер – ЗРП 29)

Второ место – Автор: Ивана Темелкоска (Crocus sp. – качунка. Локалитет: Јоргов Камен, НП Пелистер – ЗРП 29)

Трето место – Автор: Леа Георгиевска (Локалитет: с. Калин Камен, Криво Паланечко, на Осоговските Планини)

Трето место – Автор: Леа Георгиевска (Локалитет: Бариштарци, с. Варовиште)

Автор: Стефан Трпески (Prunus avium – дива цреша. Локалитет: с. Пожаране)

Автор: Елеонора Данаиловска  (Salvia nemorosa. Локалитет: с. Павлешенци, Овче Поле)

Автор: Магдалена Донеска (Локалитет: с. Побожје)

Автор: Ана Иљоска (Локалитет: Крива Паланка)

Автор: Ангела Петковска (Флора и пајажина. Локалитет: Китка)