[Галерија] Најдобрите фотографи на дивината за 2022

Карин Егнер го доби признанието за најдобар фотограф на дивината во 2022 година за нејзината неверојатна фотографија „Вртлог од крила“, која прикажува топка од пчели кои се вртат по жешкиот песок на ранч во Тексас.

Натпреварот го организира британскиот Природно-научен музеј, а оваа година биле пријавени 38.575 фотографии од 93 земји низ светот.

Сите победнички фотографии по категории и оние кои завршија на второ место ќе бидат изложени во Музејот од 14 октомври до 2 јули идната година.

Во продолжение погледнете дел од победничките фотографи за 2022 година:

Севкупен победник / Автор: Карин Егнер

Победник во категоријата „Животни во нивната средина“ / Автор: Даниел Мидерос

Победник во категоријата „Животински портрети“ / Автор: Хозе Хуан Хернандез Мартинез

Победник во категоријата „Урбана дивина“ / Автор: Димитри Кок

Победник во категоријата „Однесување – цицачи“ / Автор: Ананд Намбиар

Победник во категоријата „Природна уметност“ / Автор: Јунџи Такасаго

Победник во категоријата „Под вода“ / Автор: Тони Ву

Победник во категоријата „Моклишта“ / Автор: Даниел Нуњез

Победник во категоријата „Фотожурнализам“ / Автор: Брент Стиртон

Целосната листа на наградени и пофалени фотографи од овогодишното натпреварување може да се погледне на следниов ЛИНК.