[Галерија] Најдобрите дела на Заха Хадид

Од футуристичкиот трговски центар во Пекинг до училиштето во форма на буквата Z со лента за трчање низ него, ова се неколку згради по кои Заха Хадид ќе биде запамтена.

Витра противпожарната станица, Вајл на Рајна (1994)

Првиот комплетиран проект на Хадид, комплексна конструкција од искривени и искршени плочи, изгледа многу поразлично од нејзините подоцнежни дизајни.

Фаено научен центар, Волфсбург (2005)

Фаено научниот центар „спојува многу од нештата кои биле дел од нејзината работа долго време“, рекла Хадид. Критичарите го опишале како „место каде може да се доживее моќта на вселената“.

Мостот павилјон, Сарагоса (2008)

Инспириран од гладиолите и водата под него, првиот мост на Хадид е составен од 280 метри фиберстакло и бетон над реката Ебро. Половина е пешачка патека, а половина простор за изложби.

Академијата Евелин Грејс, Лондон (2008)

Ова училиште чија градба вредела 36 милиони фунти, а се наоѓа во Брикстон, јужен Лондон. Има лента за трчање низ него, а за него ја има добиено Стирлинг наградата за архитектура.

Гуангжу оперската куќа, Гуангжу (2010)

„Како камчиња во поток измазнети од ерозија“, така Хадид самата ја опишала оваа зграда вредна 130 милиони фунти. Дизајнирана е на начин кој совршено се вклопува со со реката крај неа.

Мостот Шеик Зајед, Абу Даби (2010)

Со големите сводови и кривини наменети да асоцираат на песочни дини, овој мост долг 842 метри виси во хоризонтот како „замрзната чкртаница“. Именуван е по главниот архитект и поранешен претседател на земјата, а чини 200 милиони фунти.

Риверсајд музејот, Глазгов (2011)

Ова е првата поголема градба на Хадид во Велика Британија, наречена „глазговски Гугенхајм“ и добитник на наградата Европски музеј на годината за 2013.

Лондонски центар за водени спортови, Стратфорд (2012)

„Најневеројатниот пливачки базен на светот“, според Guardian. Оригинално е изграден за Олимписките игри во 2012 година и чини 269 милиони фунти.

Културен центар Хадар Алијев Баку (2012)

Овој огромен комплекс составен од искривени ѕидови и високи сводови ја доби London Design Museum наградата во 2014. Критичарите го нарекле „едноставен и секси како подигнатото здолниште на Мерилин“.

Галакси Сохо, Пекинг (2012)

Ова е веројатно најфутуристичкото дело на Хадид. Се состои од четири структури кои се поврзани со комбинација од мостови и платформи кои лебдат околу „централниот кањон“.