[Галерија] Маршеви против климатските промени во целиот свет

Повеќе од 600 000 луѓе во 175 држави низ целиот свет маршираа во пресрет на денешната конференција за климатските промени во Париз, со што побараа конкретен договор за промена на фосилните горива со обновлива енергија.

Најголеми маршеви се одвиваа во Мелбурн и Лондон со 60 и 50 илјади граѓани. На маршот во Лондон се приклучиле и познати личности меѓу кои Thom Yorke, Emma Thompson, Charlotte Church и Jeremy Corbyn.

Во Париз пак, илјадници чевли беа поставени на градскиот плоштад во знак на протест против климатските промени. Меѓу обувките донирани од парижаните, се најдоа и обувки на папата и генералниот секретар на ОН Ban Ki-moon. Меѓутоа, протестите во Париз завршија насилно. Полицијата уапси 200 луѓе по судири со антикапиталистички и анархистички групи. Дел од демонстрантите ги уништиле свеќите и цвеќињата поставени во спомен на загинатите во нападите од 13 ноември.

Покрај маршеви во Англија, Франција и Австралија, голем број граѓани излегоа на улиците и во Германија, Италија, Јужна Африка, Шпанија, Соединетите Американски Држави, Канада, Кина. Во продолжение, фотографии од маршевите против климатските промени низ целиот свет.