[Галерија] „Искривени панорами“ од Истанбул од Aydın Büyüktaş

Турскиот фотограф и дигитален уметник Aydın Büyüktaş ги „превртува“ улиците на Истанбул за својот проект, кој се состои од фотографии кои изгледаат како градот да е искривен и се извишува кон небото.

Иако може да се повлече паралела со воодушевувачките визуелни ефекти од филмот Inception на Christopher Nolan, уметникот вели дека всушност црпел инспирација од сатиричната новела од 1884 година, Flatland, во која е прикажан дводимензионален свет окупиран од геометриски фигури. За неговиот фото серијал, исто така наречен Flatland, Büyüktaş фотографирал канали, пазари, скејт паркови и мостови со дрон, а потоа дигитално ги поврзал да изгледаат како превртен простор без видлив хоризонт.

Може да видите повеќе од неговите дела на неговиот Instagram профил.

Извор: Colossal