[Галерија] Фотографиите кои добија Пулицерова награда

Агенцијата Ројтерс и „Њујорк тајм“ годинава победија во категоријата за фотографија, за ивестување од мигрантската криза во Европа и на Блискиот Исток. Маурицио Лима, Сергеј Пономарев, Тајлер Хикс и Даниел Етер се фоторепортерите кои ја добија наградата, заедно со уште 10 000 долари.

Џесика Риналди од весникот „Бостон Глоуб“, пак, победи во категоријата за тематска фотографија, за нејзините фотографии од младо момче кое било малтретирано.

Покрај категоријата за фотографија, „Њујорк тајмс“ ја освои и Пулицеровата награда за меѓународна репортажа, агенцијата Асошиејтид прес беше одликувана за новинарство во служба на општеството, а весникот „Вашингтон пост“ победи во категоријата за национална репортажа.

Пулицеровите награди се највисокото одликување во американското новинарство. Оваа година тие беа доделени по стоти пат. Наградата го носи името на американскиот издавач Џозеф Пулицер. Таа е основана во 1917 година и се доделува во 21 категорија.

Маурицио Лима

Даниел Етер

Маурицио Лима

Тајлер Хикс

Маурицио Лима

Сергеј Пономарев

Маурицио Лима

Маурицио Лима

Маурицио Лима

Маурицио Лима

Маурицио Лима

Маурицио Лима

Сергеј Пономарев

Сергеј Пономарев

Сергеј Пономарев

Маурицио Лима

Сергеј Пономарев

Сергеј Пономарев