[Галерија] Герила акција во Битола – „КјЕ“

Синоќа од битолската независна група на советници – „Поинаку“, поставија светлечки знак на неколку локации низ градот, со цел да посочат на проблеми кои останале занемарени и локалните власти не презеле ништо за да ги решат.

Пред неколку дена, на социјалните мрежи се споделија фотографии од градското украсување во Битола по повод новогодишните празници. Фотографиите станаа популарни бидејќи најпрво на една локација имаше поставено украсување со зборот „Здраве“ по што набрзина беше додадена буквата „ј“, но неуспешно.

Светлечкото „Здравје“ поттикна јавен потсмев кон локалните власти, па за кусо време, целата светлосна порака беше отстранета.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од герила акцијата.