[Галерија] Тетовската депонија и натаму стои покрај фабрика за леб

И една година откако Радио МОФ ги објави фотографиите од дивата депонија што „никна“ во близина на силоси со жито и неколку фабрики во  кои се произведува храна во Тетово, ништо не се променило. Оваа депонија претставува опасност за тетовци и дополнително го загадува градот.

Претходно, депонијата со години го загадуваше реонот околу Железничката станица за потоа да биде преместена во близина на фабрики кои произведуваат леб и бели печива.

Тетово е меѓу најзагадените градови во државата, а смогот и нечистотијата се проблеми со кои граѓаните долго време се соочуваат.

Бобан Спироски и Матија Гојковиќ од Медиа/арт клуб Тетово