Еден од најгорливите проблеми со кои се соочува Тетово е главната депонија – властите со години ветуваат и никако да најдат решение за складирањето и преносот на отпадот. Откако со години го загадуваше реонот околу Железничката станица, депонијата сега е преместена на нова, скандалозна локација – во непосредна близина на силоси со жито и неколку фабрики во кои се произведува храна. Отпадот и овде гори (некои велат и намерно се пали, за да му се намали обемот), а густиот чад полн со отрови дополнително го влошува и онака загадениот воздух.
Погледнете ги фотографиите од оваа депонија:
Заедно со Скопје, Тетово останува еден од најзагадените градови во Македонија. Тетовци со денови дишат смог и нечистотија и губат верба дека некој ќе им помогне.
Бобан Костадиновски