Фотографиите се дел од самостојна изложба на средношколката Теано Кардула, посветена на нејзината сестра, која е лице со аутизам. Нејзината цел е да го прикаже секојдневниот живот на својата сестра која, како што вели, не е поразличен од оној на останатите луѓе.
Кардула е една од деветнаесетте ученици од Меѓународната матура при гимназијата „Јосип Броз Тито“, чии изложби ќе бидат отворени за јавноста до 23-ти март, во „Мала станица“.