[Галерија] Доделени наградите за најдобрите на конкурсот „Читањето е супермоќ“ 2025

На литературно-музички настан, во присуство на многубројни деца и нивните родители, во неделата, 1 јуни, во „Ист гејт мол“ во Скопје беа доделени наградите за најдобрите учесници на конкурсот „Читањето е супермоќ“ 2025, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“.

На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните дечиња од градинките „Весели цветови“ (објект „Кокиче“) и „Срничка“, учениците од ОУ „Љубен Лапе“ (1 одд.) и од ОУ „Браќа Миладиновци“ (2 одд.), како и шампионите во танц – „Денсерс јунајтед“. Настанот заврши со детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка“.

На конкурсот, што траеше од 2 април до 2 јуни, пристигнаа 205 литературни и 280 ликовни творби од ученици од прво до деветто одделение, како и од деца од предучилишна возраст.

За најдобрите творби одлучуваше стручно жири. Творбите од децата од градинките ги оценуваше комисија во состав: Билјана Лотеска (воспитувачка и авторка на книги за деца), Цветанка Стоилова (уредничка на списанието „Ѕвезди“), Марија Богоеска-Созданоска (уредничка на изданија за предучилишна возраст во „Арс Ламина“).

Ликовните творби на учениците од основните училишта ги оценуваа: Наталија Лукомска (илустраторка), Калиопи Трпчева (сликарка и илустраторка) и Анета Илиевска (графичка дизајнерка и илустраторка). Жирито за литературните творби беше составено од: Владанка Д. Урошева (одделенска наставничка), Викторија Мирческа-Стојческа (лекторка и основачка на Школа за брзо читање и мудро учење), Маја Трајковиќ (библиотекарка во ОУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје) и Бисера Бендевска (уредничка на детска литература во „Арс Ламина“).

Во продолжение е листата со наградените деца од градинките и од училиштата и нивните ментори на конкурсот „Читањето е супермоќ“ за 2025 година:

НАГРАДЕНИ ДЕЦА ОД ГРАДИНКИТЕ

1. место – Бисера Стојковска (Градинка „Сонце“, Волково, Скопје)
1. место – Миа Наковска (ЈУДГ „Детска радост“ (објект „Темјанушка“) / Ментор: Наташа Поповска)
2. место – Надица Граматиковска (ЈУДГОЦ „13 Ноември“, Скопје /  Ментор:  Ана Цветковска Панова)
2. место – Софиа Трпевска (УДГ „Кочо Рацин“, Скопје)
3. место – Матеј Блажевски (ЈУДГ „Детска Радост“, Скопје /  Ментор: Гордана Ф. Василеска)
3. место – Срна Копанова (ЈУДГ „Кочо Рацин“, Скопје / Ментори: Васкресија Ѓоргиевска, Снежана Гуцуљ, Санела Куц)

ПОФАЛЕНИ ДЕЦА ОД ГРАДИНКИТЕ

Лана Спиридоновска (ЈУДГ „Кочо Рацин“/ Ментор: Биљана Божиновска)
Јован Филиповски (ЈУДГ „Детска радост“, Скопје / Ментори: Гордана Ф. Василевска и Соња Стојановска)
Ања Новачкова (ЈУДГОЦ „13 Ноември“, Скопје / Ментор:  Ана Цветковска-Панова)
Лара Јеремиќ (ЈУДГОЦ „13 Ноември“, Скопје / Ментор:  Ана Цветковска-Панова)
Матеа Мојсова (ЈУДГ „Детска радост“ (објект „Темјанушка“) / Ментор:  Наташа Поповска)
Изабела Стојановска (Градинка „Вера Циривири-Трена“, Штип / Ментор: Анкица Балабанова)

НАГРАДЕНИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС – УЧЕНИЦИ ОД  1. ДО 5. ОДДЕЛЕНИЕ

1. место – Кристина Динковски (ООУ „Живко Брајковски“, Скопје, 2-2 одд. Ментор: Александра Николова-Ивановски)
2. место  – Дарија Стамеска (ООУ „Јосип Броз Тито“, Струга, 3. одд.)
2. место – Клоди Сулмати Јахоја (ОУ „Братство“, Карпош, Скопје, 5. одд.)
2. место  – Теа Атанасов (ООУ „11 Октомври“, Скопје, 5. одд. Ментор:  Елена Галика)
3. место – Јована Веселиноска (ООУ „Коста Рацин“, Брвеница, 5-1 одд.)
3. место – Елена Касовска (ООУ „Мите Богоевски“, Ресен, 4-а одд. Ментор: Бети Ќосевска)
3. место – Олег Габеров (ОУ „Васил Главинов“ – Велес, 1-4 одд. Ментори: Сања Ј. Николова и Паулина Ставрева)

ПОФАЛЕНИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС – УЧЕНИЦИ 1-5 ОДД.

Исидора Станкоска (ООУ „Коста Рацин“, Брвеница, 5. одд.)
Давид Атанасовски (ОУ „Коле Канински“, Битола, 4-2 одд.)
Марта Цветковиќ (ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје, 5-б одд. Ментори: Жаклина Ристовска и Анета Трифуновска-Стојанова)
Ева Михајлова (ООУ „Димитар Влахов“, Штип, 3-3 одд. Ментор: Јасминка Карашова)
Ема Гавриловска (ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје, 2-3 одд. Ментор: Моника Стојчевски)
Ивана Јанковска (ООУ „Киро Глигоров“, 3-в одд.)
Деа Стојанова (ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје, 2-б одд.)

НАГРАДЕНИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС – УЧЕНИЦИ 6-9 ОДД.

1. место – Матеа Мајриковска (ООУ Св. „Климент Охридски“, Битола, 8-2 одд.)
2. место – Ива Бакаловска (ООУ „Ванчо Китанов“, Пехчево, 9. одд.)
3. место – Евгенија Стамеска (ООУ „Јосип Броз Тито“, Струга, 7. одд.)
3. место – Блина Мемети (ООУ „25 Мај“,  7-2 одд.)

ПОФАЛЕНИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС – УЧЕНИЦИ ОД 6-9 ОДД.

Ема Ристовска (ООУ „Коста Рацин“, с. Брвеница, 6-2 одд.)
Исидора Столеска (ООУ „Коста Рацин“, с. Брвеница, 9. одд.)
Елена Билбилоска (ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар, 6. одд. Ментор: Ратко Богданоски)
Томислав Атанасовски (ОУ „Коле Канински“, Битола, 7-2 одд.)
Софија Доневска (ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“, Ѓорче Петров, Скопје)

НАГРАДЕНИ НА ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД КОНКУРСОТ – УЧЕНИЦИ ОД 1-5 ОДД.

1. место – Скајлер Киара Цое (ООУ „Ристо Шуклев“, Негорци, 4 одд. Ментор: Елизабета Јанева)
1. место – Ведран Веселиновски (ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Скопје, 4-б одд. Ментор:  Зорица Атанасовски)
2. место –  Лана Марков (ООУ „Мирче Ацев“, Ѓорче Петров, Скопје, 5-б одд.)
2. место – Анѓела Јосифовска (ООУ „Тошо Арсов“, Штип, 5-1 одд. Ментор: Маре Трпчева)
3. место – Теона Стојановска (ООУ „Блаже Конески“, Прилеп, 3-2 одд. Ментор: Наташа Ристеска)
3. место – Јана Стојмирова (ООУ „Браќа Миладиновци“, Аеродром, Скопје, 4-а одд. Ментори:  Маја Здравковска и Наталија Ралповска)

ПОФАЛЕНИ НА ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД КОНКУРСОТ – УЧЕНИЦИ ОД 1-5 ОДД.

Мила Наумоска (ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар, 3-2 одд. Ментор: Габриела Мерџаноска)
Мона Кукунешоска (ООУ „Јосип Броз Тито“, Струга, 4-б одд. Ментор: Љиљана Узуноска
Емили Спасеноска (ООУ „Коста Рацин“, Брвеница, 5. одд. Ментор: Тања Костадиноска)
Диона Тодоровска (ООУ „Св. Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, 4-1 одд. Ментор: Лила Тодоровска)
Тамара Митреска (ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Кичево, 4-3 одд. Ментор:  Валентина Лазаревска)
Софија Малзаркова (ООУ „Невена Георгиева-Дуња”, Скопје, 4-б одд. Ментор: Зорица Атанасовски)
Софија Копанова (ООУ „Киро Глигоров“, 1-в одд. Ментори:  Николина Младеновска и Ирина Пешевска)

НАГРАДЕНИ НА ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД КОНКУРСОТ – УЧЕНИЦИ ОД 6-9 ОДД.

1. место – Бонита Шолева  (ООУ „Васил Главинов“, Велес, 7-1 одд. Ментор: Бојанка Џипунова- Ташова)
2. место – Павел Блажески (ООУ „Св. Климент Охрдиски“, Македонски Брод, 7. одд. Ментор:  Мартина Ф. Крстеска)
2. место – Матеа Јовановска (ООУ „Васил Главинов“, Велес, 7-1 одд. Ментор: Бојанка Џипунова- Ташова)
3. место – Лена Ѓорѓиевска (ООУ „Толи Зордумис“, Куманово, 7-1 одд. Ментор: Марија Цветановиќ)
3. место – Ангела Апостоловска (ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод, 7- 1. одд. Ментор: Мартина Филипоска)
3. место – Михаела Јаневска (ООУ „Лазо Ангеловски“- Скопје,  8. одд. Ментор: Благица Ангеловска)

ПОФАЛЕНИ НА ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД КОНКУРСОТ – УЧЕНИЦИ ОД 6-9 ОДД.

Симона Миланова (ООУ „Васил Главинов“, Велес, 7-1 одд. Ментор: Бојанка Џипунова-Ташова)
Теа Васовска (ООУ „Наум Охридски“ с .Булачани , Скопје, 9-б одд. Ментор: Љупка Богдановска)
Јована Вељаноска (ОУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод, 7 одд. Ментор: Мартина Ф. Крстевска)
Ива Ѓеорѓиевска (ООУ „Страшо Пинџур“, 8- а одд. Ментор Розета Дулевска)

Фото: „Арс Ламина“