„Free Spirit Days“ – концерт и скејт натпревар во петок и сабота во Охрид

На скејт паркот во Охрид во петок и сабота ќе се одржи третиот настан од програмата на Културолошката иницијатива „5 до 12“ кој вклучува концерт и скејт натпревар.

Во петок од 19 часот ќе започне музичка програма со ди-џеј „Tome Rootboy“, а потоа се најавени и настапите на „Peach Vice“ и „Primitive Dread“. Влезот е бесплатен.

Во сабота пак, од 18 часот на скејт паркот ќе се одржи скејт натпревар. Пријавените, како што посочија организаторите, ќе се натпреваруваат во две категории – до 16 години и од 17 години и нагоре.

Од „5 до 12“ посочија дека пријавените треба да пристигнат порано на настанот за да се загреат и додадоа дека се предвидени награди како скејтборд даски, маици, лагери, дукс и слично.

Пријавувањето за натпреварот е задолжително преку формуларот достапен на следниов ЛИНК.