Од стара, но сочувана каросерија од „фиќо“, македонската компанија ББ Класик Карс го направи првото електрично возило во Македонија.
Во возилото е вграден електричен мотор, батерии и опрема за конверзија на бензинскиот во електричен погон.

ЗАС Г20 е придвижено од 20 киловатен мотор, има нулта емисија на јаглерод диоксид, а со едно полнење на батериите може да помине до 150 километри, во зависност од начинот на возење. Максималната брзина му е ограничена на 130 километри на час.

Батериите се полнат за три до три и пол часови на домашен мрежен приклучок, додека на брз еднонасочен полнач полнењето трае 15 минути.
Цената на основиот модел е околу 20.000 евра.
 
						 
								 
               
				![[Фото] ЗАС Г20 – првото македонско електрично возило](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2019/02/fico-5-696x522-696x336.jpg)