Оваа фотографија објавена денеска на Фејсбук ја покажува катастрофалната еколошка состојба во горното течение на нашата најголема река – Вардар. Илјадници пластични шишиња се таложат на ова место во близина на тетовското село Радиовце, кое е дел од општината Брвеница. Оваа планина од пластика, во која се „дави“ Вардар, е на само дваесетина километри од изворот на реката во Вруток крај Гостивар.
![[Фото] Вардар се „дави“ во пластика кај тетовско Радиовце](http://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2015/07/vardar-plastika.jpg)