[Фото] Ученици од „Димче Ангелов – Габерот“ преку работилница правеа креации за заштита на реките

„Еко-свест“ информира дека минатата недела со децата од основното училиште „Димче Ангелов – Габерот“, во соработка со Партизанска штампа, одржале работилница за сито печат и колаж.

Креациите на тема заштита на реките и природата се изложени во училиштето.

„Со оваа работилница ја подигнуваме свесноста за важноста на реките и природното наследство и се залагаме за нивна трајна заштита преку прогласување на демиркаписката клисура за заштитено подрачје“, посочуваат од „Еко-свест“.

Активноста е во рамките на иницијативата Zajedno za rijeke / United for Rivers во соработка со The Nature Conservancy и партнерските организации од регионот кои се залагаат за заштита на реките на Балканот.