[Фото] Студентите се собраа пред Собрание, порачуваат „Не“ за државен испит

Поголем број студенти, професори и граѓани се собраа пред Собранието на РМ на протест поради реформите во високото образование и воведување државен испит за студентите. Тие држат листови на кои пишува „Не“ и кои се свртени кон Собранието каде денеска треба да се одржи собраниската седница која на дневен ред ги има и измените на Законот за високо образование.

Присутните држат транспаренти на кои пишува „Слушнете ја иднината на нашата држава“,„Ние од студентските домови во 3 часот се капиме со ладна вода“, „Ние не ве гласавме во 3 сабајле“, но и „Кого претставувате, кому водите инает“, а на протестот ечи песната „Ропска Македонија“.

44

Како што јавуваат репортерите на Радио МОФ,  собраниската зграда е под силно полициско обезбедување.

Денешната 31. собраниска седница е закажана во 12 часот, а Законот за високо образование е 34. точка на дневниот ред.

222

 

66