[Фото] Студентите ги окупираат техничките факултети

„Автономија“, „Дојди и приклучи се“, „Индекс имам, права немам“ – со извици и транспаренти во рацете студентите тргнаа во освојување на техничките факултети. Тие влегоа во зградата каде се сместени Машинскиот факултет (МФС) и Факултетот за електротехника и информациски технологии и најавија дека ја прошируваат автономната зона.

Како што јавува репортерката на Радио МОФ, студентите влегуваат во предавалните и ги прекинуваат предавањата, додека во холот на Универзитетот се поставуваат клупи и закачуваат платна на кои пишува „Автономна зона“.

„Нашата цел е да ја замениме формалната настава, која ќе биде прекината, со друга, алтернативна настава и разни други културно-уметнички активности. Распоред за активностите ќе биде објавен низ сите огласни табли на факултетот и преку овој фејсбук профил“, најавија претходно студентите и ги повикаа своите колеги да донесат вреќи за спиење и ќебиња,кебиња, за да останат и да преспијат на факултетот.