Студентка на Правниот факултет во Битола сподели фотографии на Фејсбук на која стадо овци се шета покрај зградата на универзитетот.
„Ова се случува на Правниот факултет“, пишува студентката. Таа за Радио МОФ вели дека фотографиите се направени утрово, а стадото овци откако се прошетало покрај факултетот, продолжило и кон градскиот полигон, правејќи им гужва на неискусните возачи.
Правниот факултет е лоциран на местото на некогашните касарни во Битола, каде се изградија нови згради, кафулиња и ресторани.