[Фото] Редици пред Правниот факултет, студенти со часови чекаат за упис

Иако дел од наставата се одвива онлајн, запишувањето семестар на голем дел од факултетите на најголемиот македонски универзитет „Св. Кирил и Методија“ во Скопје е неопходно да се изврши со физичко присуство.

Па така, од утрово редица студенти со уплатници и формулари во рака застанаа пред Правниот факултет „Јустинијан Први“ за да ја завршат процедурата. Набрзо се создаде револт и фотографии од редиците се најдоа на социјалните мрежи.

Сепак, ова не е прв ваков пример на кампусот на УКИМ. Пред две недели, слична ситуација имаше и пред Економскиот факултет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Студенти реагираа и за гужви пред студентски прашања на Филолошкиот факултет, каде студенти со часови чекаа за да го запишат новиот семестар.

[Фото] Студентите се „гужваат“ пред студентски прашања, исто како пред пандемијата