На влезот на Куманово е поставен 3Д пешачки премин, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.
Тој најави дека слична патна сигнализација ќе има на уште неколку локации низ градот.
Целта на ваквите пешачки премини е полесно да се забележи, а со тоа и поголема безбедност, особено за најранливите учесници во сообраќајот.