[Фото] Млади луѓе ги активираа граѓаните да донираат храна за социјално загрозени лица

„Вистински дела на љубезност“ објавија дека изминатата недела имале можност да добијат донација од група на млади луѓе кои преку иницијативата #Ways2Help во период од само два дена преку настан ги активираа граѓаните да донираат кај бродот на среќата #Среќа.мк (кај „Холидеј ин“).

„За тоа кратко време беа собрани следниве количини: 93,2 кг конзервирана храна , 75.8 кг различни производи на храна, 3,7 кг хигиенски средства и 27кг облека“, соопштија од организацијата.

Како што најавуваат, еден дел од донациите ќе бидат поделени на бездомни лица во текот на следните саботи, а останатата храна ќе се подели на социјално загрозените семејства во редовните посети на здружението.

„Кога младите луѓе ќе покажат проактивност тоа секогаш резултира со успех . Нивната жар и пожртвуваност во тешки моменти ги видовме на дело и среќни сме што имаме такви млади соработници кое го излеваат своето срце и зрачат со хуманост и солидарност“, соопштуваат од Здружението.

Од Ways2Help акцијата ја оценија за успешна.

„Благодарност до сите што донираа конзервирана храна за сиромашни семејства“, соопштија од оваа платформа, која преку своите активности сакаат да обединат и вмрежат компании, невладини, индивидуални што сакаат да помогат, без разлика дали е донација на храна, крв, облека, компјутер, одредена вештина или преку помош на семејство со исплата на сметка за струја, вода…

 

Фото: „Вистински дела на љубезност“