Благодарение на студентите и вработените, кучињата кои живеат околу студентскиот дом „Стив Наумов“ си добија свој дом.
„Деновите со ладни температури ќе можат да ги поминат во куќарките кои беа направени од студентите и вработените во студентскиот дом. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој оној што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите, кои се наоѓаат непосредно до куќарките“, порачуваат студентите.
Од студентскиот дом се заблагодаруваат на сите кои помогнаа во оваа предновогодишна акција.