Десетици автомобили денеска повторно можеа да се забележат на кејот на реката Вадар, во центарот на Скопје. Просторот на кејот е запоседнат од автомобилите кои се паркирани меѓу кафулињата на кејот и надворешните влезови на Градскиот трговски центар (ГТЦ).
Ваква слика на овој дел од градот може речиси секојдневно да се забележи, каде граѓани го користат овој простор за паркинг на нивните возила.
Изминатите години граѓаните во повеќе наврати реагираа и бараа да се реши овој проблем.
Инспекторатот на Град Скопје во септември на нивната Фејсбук страница објави дека продолжуваат со справувањето за непрописното паркирање на јавни површини.
Во однос на овој проблем, од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов, за порталот „Сакам да кажам (СДК)“, во јануари минатата година посочија дека работат на изонаѓање на решение за овој проблем, како и ослободување на кејот и враќање на неговата функција како шеталиште за граѓаните.
„Во однос на локацијата на Кеј 13 Ноември, станува збор за покомплексно прашање, бидејќи тука има рампа и паркинг за пристап на угостителските објекти во вид на дотур на роба, како и за објектите на ГТЦ и Македонски телеком, па неретко истото се злоупотребува од несовесни граѓани кои паркираат возила на оваа локација“, изјавија тогаш за „СДК“ од кабинетот на градоначалникот.
М.К./Б.Ш