Во организација на Градот Скопје и средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) се реализира завршната изложба на средношколските годишни проекти.
Учениците на изложбата презентираа проекти од областа на архитектурата, градежништвото и геодезијата.
Изложбата ја отвори градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која истакна дека заедничката реализација на проектите посветени на знаењето, креативноста, талентот и вештината на нашите средношколци, искажани низ образовните и воннаставните активности во текот на училишната година се огромен успех за учениците, родителите и наставниот кадар.

 
 
 
 

Фото: Град Скопје
 
						 
								 
               
				![[Фото] Изложба на годишните проекти на средношколците од „Здравко Цветковски“](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2024/04/гуц-изложба-702x336.jpg) 
					
										
								
											
						


