Графити артисти заедно со средношколците нацртаа повеќе графити против насилство на надворешниот ѕид на СГГУ „Здравко Цветковски“ – ГУЦ, кои беа дел од графити работилницата насловена #ПречкртајНасилство.
На настанот поддржан од UNICEF MK, SmartUp – Social Innovation Lab, СГГУ „Здравко Цветковски“, психолози, социјални работници но и креативци, покрај работилницата беше оддржана и панел дискусија.
„Денес се дружевме со тимот на #ПречкртајНасилство да дискутираме за насилството во училиште. Ден исполнет со позитивна енергија, суштинска дискусија, музика, млади и уметност“, напишаа од УНИЦЕФ МК на нивната Фејсбук страница заедно со фотогалеријата од настанот, од која ви пренесуваме дел од атмосферата при изработката на графитите: