[Фото] Американската и Холандската амбасада го развеаја знамето на виножитото

По повод 17 мај, Светскиот ден на борбата против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, Американската и Холандската амбасада во Скопје, заедно со своите знамиња, го развеаја и Знамето на виножитото, симболот на ЛГБТ-заедницата. Истакнувањето на знамето во знак на поддршка на напорите на оваа заедница за искоренување на дискриминацијата и предрасудите, е веќе традиционално – амбасадата на САД и лани го развиори ова знаме.

lg-1

За Меѓународен ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата е избран 17 мај, денот кога во 1990 година Светската здравствена организација ја избриша хомосексуалноста од листата на психички болести. Денот најмногу се одбележува во Европа и во Јужна Америка, а во низа земји за денеска се закажани собири за поддршка на правата на припадниците на ЛГБТ-заедницата.