Форест Гамп доби видео игра

Сите фанови на познатиот филмски карактер Форест Гамп, сега може да уживаат и во најновата игра посветена токму на него.

Форест Гамп доби видео игра

Играта насловена „Run Forrest Run“ ќе биде бесплатна и е достапна за сите уреди на iOS.

Рекреирајќи ја познатата сцена во филмот, Форест Гамп трча низ Алабама и познатиот Route 66, а по патот се соочува со разни предизвици и собира бројни поддржувачи.

Форест Гамп е американски комедија/драма филм од 1994, заснован на истоимениот роман од Винстон Грум. Филмот бил режиран од Роберт Зимекис, а главните улоги ги толкуваат Том Хенкс, Робин Рајт, Гери Синис и Сали Филд. Помеѓу петте оскари, „Форест Гамп“, доби оскар и за најдобар филм и најдобар режисер.

Повеќе информации за новата видео игра се достапни на следниот линк.