Филмот „Тимбукту“ доби најмногу филмски „Цезари“

Француската филмска академија на „Тимбукту“ му додели седум статуетки, покрај таа за најдобар филм, тој ја доби наградата и за најдобра реализација, за најдобро сценарио.

Француската филмска академија „Цезар“ го исправи тоа што беше смеатно како неправда за филмот „Тимбукту“ на Абдерахман Сисако, кој од жирито на фестивалот во Кан не доби ниту една награда, иако сите му претскажуваа Златна палма и Голема награда на жирито.

„Тимбукту“ синоќа ја доби нагарадата за најдобар филм, и има шанси да биде прогласен за најдобар странски филм на церемонијата на Оскарите во Холивуд, јави дописникот на МИА од Париз.

„Тимбукту“ (Тагата на птиците), е петтиот долгометражен филм на Абдерахман Сисако.

Сценариото на филмот е истовремено трагично, поетско и потресно, инспирирано од вистински настани. Томбукту во Мали, наречен уште „пустински бисер“ скоро една година беше окупиран од Ал Каида Магреб (АКМИ) во 2012 година и од Ансар Дине (Бранителите на Исламот), што остави длабоки лузни – ампутации, камшиковања на „нелигитимните двојки“, на пушачите, навредувања и понижувања, – пред доаѓањето на француските сили на почетокот од 2013 година во операцијата Сервал.

Вториот победник синоќа е изненадувањето на годината филнот„Борци“ на Тома Каје, кој исто така беше претставен во Кан. Филмот заминува од театарот „Шатле“ со три „Цезари“, за најдобар прв филм, за најдобра актерка надежната Адел Хаенел и за најдобар надежен машки артист Кевин Азаис.

„Цезар“ за најдобар актер ја доби Пјер Нине за улогата во Ив Сан Лоран, Луана Емера за најдобра надежна женска актерка во филмот „Семејството Белие“, Реда Катеб за најдобра споредна улога во филмот „Хипократ“, Кристен Стјуарт за најдобра споредна улога во филмот „Силс Мариа“, прва Американка која заминува со „Цезар“ за улога.

„Минискул – Долината на загубените мравки“, доби „Цезар“ за најдобар анимиран филм, „Сол од Земјата“ на Хулиано Салдаго и Вим Вендерс за најдобар документарен филм и „Сант Лоран“ за најдобри костуми. „Моми“ на Ксавие Долан е најдобар странски филм.

Шон Пен беше награден со почесен „Цезар“.