Филмот „Балканот не е мртов“ на фестивалот БаНеФФ во Стокхолм

Македонскиот филм „Балканот не е мртов” од Александар Поповски се прикажуваше на фестивалот БаНеФФ во Стокхолм, Шведска.

Филмот „Балканот не е мртов“ на фестивалот БаНеФФ во Стокхолм

Како што соопштија од „Кино око“, поради големиот интерес филмот ќе се прикажува и во други градови во Шведска, како и во Осло, Норвешка.

Филмот ќе се прикажува и на територијата екс југословенските републики преку дистрибутерската компанија ЕУРОФИЛМ од Белград, Србија која ги откупи кино и телевизиските права за негово прикажување.

Филмот е копродукција помеѓу „Кино око“ и „А Аталанта“ од Словенија. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Никола Ацески и Раде Шербеџија.