„Филигрански мотиви“, изложба на Мирјана Николоска во АРТЕ Галерија

Изложбата „Филигрански мотиви“ на авторката Мирјана Николоска ќе бидео отворена во изложбениот простор на АРТЕ Галерија во четврток (23 јуни), во 20 часот.

Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени четириесетина филигрански дела изработени од компресирана хартија со срмен конец во златна и сребрена варијанта, украсени со циркони и оригинални Охридски бисери. Рачно изработените филигрански дела имаат различни димензии зависно од композицијата, секое оригинално, уникатно и препознатливо за Македонското културно поднебје.

Со изработка на „Филигрански мотиви” авторката Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубавите македонски занаети кој се користел низ вековите.