Фејсбук воведе алатка која ќе помогне во спречување на самоубиства

Фејсбук воведе опција која ќе помогне во спречување на самоубиства и ја направи достапна за цел свет.

Опцијата од минатата година е достапна во САД, Велика Британија, Австралија, а од сега и во сите земји на светот. На корисниците им овозможува да ги пријават пријателите чии статуси делуваат депресивно, што може да укаже на потенцијално самоубиство.

Ако нивниот статус се пријави, корисникот добива доверлива порака во која се наведува дека некој кој ја видел неговата објава смета дека во моментот минува низ тежок период.

Специјализиран тим ќе ги анализира пријавените статуси и ќе се обиде да открие дали постои можност таа личност навистина да изврши самоубиство, а доколку сомнежите се утврдат како точни, тогаш и адекватно ќе реагира.

Потоа, на екранот ќе се појави опција во која на корисниците им се нуди да позборуваат со блиски луѓе, да повикаат специјална телефонска линија која нуди помош во такви ситуации или во целост да ја игнорираат помошта.

Опцијата е развиена во соработка со организациите за ментално здравје „Forefront“, „Lifeline“ и „Save.org“.