ЕЦПР: Ромите тешко минуваат граница поради етничката припадност

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) до Уставниот суд поднесе иницијатива преку која бара судот да се изјасни во однос измените во законот за патни исправи, односно одземањето на пасошите на граничните премини. Од центарот велат дека Законот овозможува одземање на пасошите на граничните премини и тоа главно кога станува збор за лица од ромска националност.

ЕЦПР: Ромите први на удар со измените во законот за одземање пасоши

Според Тефик Махмут од ЕЦПР, овозможувањето да се одземат пасоши во различни околности може се коси со Уставот. неуставно.

„Членот 37, став 1, точка 6 од Законот за патни исправи не е во согласност односно се коси со член 27, став 2 од највисокиот правен акт во државата Уставот на Република Македонија“, изјави тој додавајќи дека според истражувањето на ЕЦПР, во најголем број случаи Ромите се вратени од границите само поради нивната етничка припадност.

Истражувањето покажало дека на 60 отсто од Ромите кои биле вратени од границите од страна на граничните службеници им било кажано дека ги враќаат бидејќи така им е наредено. Во 90 проценти се укажува на тоа дека само од Ромите било побарано доказ за оправдување на нивното патување. На 30 отсто од Ромите експлицитно им било кажано дека не можат да ја поминат границата поради нивната етничка припадност, односно дека се Роми

На денешната средба со новинарите и Дезидерну Гергели, извршен директор на ЕЦПР истакна дека прашањето за Ромите станува мошне тешко.

„Има одреден притисок што властите во Македонија го наметнуваат преку законодавни промени за патната документација и надзорот на границите што доведе до ситуација група на лица да бидат жртви на тие измени. Токму таа група која ги трпи тие влијанија од промените и измените е токму ромската популација. За жал поради притисокот кој доаѓа од надвор властите ги изменуваат практиките кои ги користеле, но не секош ги земаат предвид човековите права“,вели Гергели.

Во период од 2011 до 2013 година, од Центарот забележани се 74 индивидуални случаи кога на Ромите не им бил дозволен излез од земјата, а во 24 индивидуални случаи пасошите биле и одземени од страна на граничните службеници.