„Ер-би-ен-би“: Наместо убаво средена куќичка за 100 фунти од ноќ, Британец добил бродски контејнер

Британскиот турист Бен Спелер за време на својата посета на Холандија, минатата недела, решил да ја резервира куќичката огласена на „Ер-би-ен-би“, која чинела околу 100 фунти од вечер.

Спелер ја посетил Холандија со цел да го гледа фудбалскиот натпреварот на Тотенхем против локалниот тим Ајакс. Тој го резервирал местото огласено на „Ер-би-ен-би“ кое било опишано како „чист дом во Амстердам со приватен тоалет“.

Меѓутоа, откако се упатиле кон Паувенпад, југоисточно од центарот на градот, тој и неговите пријатели поминале покрај бродскиот контејнер три пати, пред да сфатат дека тоа е местото кое го резервирале. Спелер повторно ја отворил резервацијата на „„Ер-би-ен-би“, за која тврди дека описот бил променет од „куќичка“ во „бродски контејнер“.

Откако влегле во контејнерот, забележале три душеци на подот и еден пренослив тоалет, по што веднаш го заклучиле местото и заминале. По оваа случка, тие резервирале во хотел, плаќајки дополнителна сметка од 230 фунти.

Спелер не ги добил парите назад од лицето кое го огласувало местото, именувано како „Јакоб“, но од „Ер-би-ен-би“ му ја надоместиле целата сума од 330 фунти.

Портпаролот на „Ер-би-ен-би“ за „Индипендент“ изјави: „Го отстранивме огласувачот од нашата платформа. Погрешно прикажаните или измамнички огласи немаат место на нашата платформа, а нашиот тим напорно работи за да ја зајакне заштитата и да застане пред лошите актери“.