Целејќи кон тоа жените подобро да се запознаат со своите права, актерката Ема Вотсон отвори бесплатна телефонска линија наменета за жените кои биле жртви на било кој вид на насилство на своето работно место, пишува „Гардијан“. Со неа тие ќе можат подобро да се запознаат со своите права во такви ситуации.
Посочувајќи на едно истражување на TUC (Trade Union Congress) кое открило дека една од две жени доживеале сексуално вознемирување на работното место, Вотсон вели:
„Конечно се чувствува дека луѓето го сфаќаат обемот на проблемот“.
Таа додава дека е потребна поголема светска реакција кога станува збор за овој проблем.
„Се надевам дека со глобални стандарди како што е неодамнешниот договор на Меѓународната Организација на Трудот (ILO) за вознемирување при работа ќе започнеме да градиме нова клима за превенција и одговорност за ова прашање.“
Донациите од членовите на јавноста, вклучувајќи ја и Вотсон, помогнаа да се започне со линијата.
Таа е поддржана од фондот за правда и еднаквост „Time`s Up UK”, а е раководена од Rosa, Фонд за жени и девојчиња во Велика Британија.
Советите се дадени од добротворната организација „Права на жените“.
„Да разберете кои се вашите права, како можете да ги тврдите и кои се изборите што ги имате ако сте искусиле вознемирување на работа е многу важен дел од создавањето безбедни работни места за сите.“, подвлекува Вотсон.
„Оваа линија за совети е огромен чекор напред во обезбедувањето поддршка на сите жени , каде и да работиме.“, додава таа.