Електронски натпревар по математика за одбележување на Денот на бројот π

Сојузот на математичари на Македонија во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 март, организира математички државен електронски натпревар.

Учесниците ќе може да учествуваат во натпреварот, користејќи компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапат до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:

  • 1 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 14.03.2020 година
  • 2 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 14.03.2020 година
  • 3 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 14.03.2020 година
  • 4 и 5 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 14.03.2020 година
  • 6 и 7 одделение, има пристап до системот во 14 часот на 14.03.2020 година
  • 8 и 9 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 15.03.2020 година
  • I и II година, има пристап до системот во 12 часот на 15.03.2020 година
  • III и IV година, има пристап до системот во 14 часот на 15.03.2020 година
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот на 15.03.2020 година

Пријавувањето на натпреварувачите се врши на следниот линк и трае до 10 март 2020 година.

Котизацијата за овој натпревар е 60 денари и треба да се уплати на сметката на СММ до 10 март 2020 година.

Податоци за котизација:
Сојуз на математичари на Македонија
Жиро сметка: 300000001276071,
депонент на Комерцијална банка АД (со назнака „Котизација за ПИ-ДЕН“)

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех. Во конечниот пласман ќе има влијание и времето за кое се испратени одговорите на задачите.

Пример за изгледот на дел од задачите на натпреварот е достапен на следниов линк.