Здружението „Здрава Котлина“ денеска од 12 часот иницира еко-пикник над Иловичката брана.
Замислен како неформален настан и дружба со сите еколошки активисти и нерамнодушни љубители на природата, еко-пикникот има за цел подигнување на свест, како и одблиску запознавање со природните убавини, кои според „Здрава котлина“ се загрозени поради профитерските интереси на поединци.
„Дојдете со нас, за сите заедно, од тоа преубаво место, да испратиме една јасна и недвосмилена порака, дека во никој случај нема да дозволиме отварање на Рудникот на смртта Иловица!“, велат активистите од „Здрава котлина“.