Егзит 2016: Рекордна посетеност и луда забава

Шеснаесеттото издание на Егзит фестивалот кое се одржа на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, го одбележааа незаборавни настапи на светските музички великани, кои беа допатуваа на еден од најголемите музички фестивали во Европа.

Годинава беше забележана рекордна посетеност, а за настапите на Wiz Khalifa, Prodigy, Ellie Goulding, Bastille, Solomun, Nina Kravitz, Marco Carola и многу други дојдоа повеќе од 195 000 фанови од целиот свет.

Првиот ден започна со настапите на Bastille  и ЕllieGoulding кои пред многубројната публика на главната сцена ги преставија своите добропознати хитови. Во продолжение на вечерта публиката се упатуваше кон Денс арената и помалите сцени како „Ноу слип“ која со автентичната локација во тунел и одлична звучна изолација привлече голем број фанови на електронската музика. При крајот на вечерта публиката беше најбројна на Денс aрената за настапот на Solomun кој го презеде шоуто и ги исполни очекувањата од многубројната публика.

Легендарниот George Clinton ja започна втората вечер приредувајќи одличен настап со неговите класици. David Guetta пак настапи со своите хитови пред голема публика, за по него следеше сетот на Wilkinson кој позитивно ја изненади публиката и вистински ја загреа атмосферата. За споменување е и настапот на Bad Сopy кои настапија на сцената „Фјужн“, главно пред локалната публика. Крајот на вечерта беше резервиран за MaceoPlex и Hernan Cattaneo кои ја задржаа публиката до 8 часот изутрина.

Претпоследната вечер на Ефзит мина во знакот на The Vaccines, Nicky и Oliver Heldens, што ja затвори вечерта на Денс арената со одличен сет,  испраќајќи ја публиката со одличен микс и изгрејсонцето на Петроварадинската тврдина.

За финалната вечер организаторите го оставија кремот од овогодинешниот „line up“ на фестивалот. На главната сцена хип – хоп шоуто го започна лондонската ѕвезда Stormzy, како загревање за Wiz Khalifa. Пред огромна публика раперот од Калифорнија приреди вистинско уживање за хип хоп фановите. Следни на сцената беа Prodigy кои се враќаат на Егзит со својата последна турнеја од настапи. Тие приредија вистински пекол за поздрав со фановите на Егзит. За крај на вечерта организаторите го оставија словенечкиот диџеј Gramatik кој ја разлабави публиката.

На Денс арената пак можеше да се види „all star line up“ за последната вечер. Еден по друг настапија Dave Clark, Richie Hawteen, Nina Krawitzи Marco Carola. Едно од најдобрите рејв места во светот остана преполно до 9 часот утрото, за затварање на овој фестивал.

Седумнаесеттото издание на Егзит го следеа пеколни температури, а преполниот фестивал беше распродаден неколку дена пред стартот.

Мартин Божиноски