Во брутален обид да ги „исчисти улиците“ од ЛГБТИ+ лица, безбедносните служби приведуваат египјани кои користат апликации за состанување, ги затвораат, а затворениците подлежат на системска тортура и злоупотреба.
Користејќи социјални мрежи и апликации како „Грајндер“, египетската полиција креира лажни профили за да се сретне со геј, лезбејки, би и транс лица, кои потоа ги апси, известуваат од „Humans right watch“. Полицијата незаконски ја прегледува содржината на мобилните телефони на затворениците за да го оправда нивното казнување и отвори случај против нив.
Еден од уапсените е Јасер, 27 години, кој бил уапсен при средбата со друг маж во центарот на Гиза, откако тие се запознале на апликацијата за состанување.
„Кога се вратија со покренат случај, се изненадив кога го видов момчето од „Грајндер“ како еден од службениците. Ме тепаа и ме колнеа додека не ги потпишав документите дека правам непристојности и јавно го признавам тоа за да ги исполнам моите неприродни сексуални желби“, изјавил Јасер.
За време во притворот, сите лица кои биле интервјуирани од групите за човекови права изјавиле дека безбедносните сили им упатувале физички и вербални напади – од удирање шлаканици, па до врзување и миење со црево неколку дена“
Политичката активистка и транс жена Малак Ел Кашиф, истакнала дека била сместена во затворска ќелија слична на кафез по присуствувањето на протест во март 2019. Полицијата ја испрашувала за нејзиниот приватен живот, нејзината операција и нејзините врски со останати активисти.
„Бев изложена на најужасното вербално малтретирање од страна на полицијата, која ми забрани да одам во тоалет два дена. Бев приморана на анален тест, тие сексуално ме малтретираа“, изјавила таа.
Според њујоркшката гранка на групите за човекови права, осум од 15 притворени биле сексуално малтретирани, додека пет од нив биле приморани на анални тестови.
28 годишната транс активистка додала дека крварела три дена откако полициските службеници ја принудиле на вагинално и анално тестирање, што било дел од таканаречените „тестови за невиност“.
Еден од преостанатите жртви, „Ала“, изјавил дека морал да користи штаки поради повредите од бруталните тепања и сериските силувања од страната на други затвореници.
„Тестовите за невиност“ се злобни, понижувачки и нечовечки третман кој може да се казнува како сексуален напад од страна на Меѓународното човеково право“, изјавиле од „Humans rights watch“.
Затворските казни и малтретирања се дел од поголем напад на ЛГБТИ+ заедницата, откако на концерт во 2017 година беше прикажана слика на која Сара Хегази држи знаме со боите на виножитото. Таа беше приведена и малтретирана со месеци, а откри дека другите затвореници ја тепале и сексуално злоупотребувале. Хегази се самоуби три години подоцна.
Групите за човекови права велат дека по концертот властите ги зголемиле апсењата и судските процеси против ЛГБТИ+ лицата, користејќи ја моќта на законите за „проституција“ и „непристојност“.
Извор: Independent