Едвард Сноуден номиниран за Нобеловата награда за мир

Двајца норвешки политичари велат дека постапките на „дошепнувачот“ Сноуден водат кон „стабилен и мирен светски поредок“ и затоа тој по нивен предлог ќе биде номиниран за Нобеловата награда за мир, објави Гардијан.

Едвард Сноуден номиниран за Нобеловата награда за мир

Поранешниот норвешки министер за заштита на животната средина, Бард Вегард Солхјел и пратеникот Сноре Вален изјавиле дека со откривањето на документите од страна на Едвард Сноуден била предизвикана јавна дебата и промена на политики кои водат кон прогрес.

Со оваа номинација, Сноуден ќе биде едно од имињата кои ќе бидат разгледани од Нобеловиот комитет за престижната награда. Панелот од пет члена вообичаено не потврдува кој бил номиниран, но понекогаш оние кои ги прават номинациите го соопштуваат тоа. Сите номиниации за Нобеловата награда мора да бидат поднесени до 1 февруари, пишува Гардијан.

Едвард Сноуден објави повеќе од 200 илјади документи кои ја открија екстензивната и нападна природа на следењето на телефоните и интернет надзорот и собирањето на разузнавачки информации од страна на САД и нивните западни сојузници, преку програмите на американскатата Национална безбедносна агенција (НСА).