Една доза од вакцината за Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ покажала 66% ефективност

Вакцината за коронавирусот која ја подготвува „Џонсон и Џонсон“ е 66% ефикасна и потребно е да се внесе само една доза, соопштија од компанијата по добивањето на резултатите од тестирањата.

Од Компанијата соопштија и дека вакцината имла 85% ефиканост во превенирање на посериозни симптоми од болеста и дека нуди целосна заштита од хоспитализација и смртен исход.

Резултатите од ефикасноста на нивната вакцина се базираат на клинички тестирања направени врз 43.783 лица. Од сите нив само 468 лица имале некакви симптоми од вирусот.

Постоело разлика помеѓу заштитата која ја нудела вакцината меѓу различни локации. На пример во САД имала ефикасност од 72%, а во Латинска Америка имала 66% и 57% во Јужна Африка.

Европската Унија веќе планира да набави 400 милиони дози од вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Претходно денеска и од компанијата „Новавакс“ излегоа со резултати за нивната вакцина, кои покажуваат 89,3% успешност. Таа вакцина е првата која преку тестирања докажа ефикасност и против новиот вид на вирусот во Велика Британија.

Нивното тестирање беше спроведено врз 15.000 луѓе на возраст помеѓу 18 и 84 години, од кои скоро една третина биле постари од 65 години.