Единаесеттото издание на „Вечерите на женски права“, оваа година ќе се одржи во знак на глобалната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март: „Јас сум Генерација Еднаквост – остварување на женските права за еднаква иднина!“, од 6ти до 12ти март.
На денешното отворање во 19 часот, во МКЦ Скопје, поздравни обраќања ќе имаат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и Резидентната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак. Потоа ќе следат разговорите со Ана Јовковска и нејзините соговорници Ленче Здравкин, Бојан Јовановски, Лулета Адеми и Ана Голејшка Џикова.
На отворањето на „Вечерите на женски права“ ќе се прикаже хрватскиот документарен филм „Дневникот на Дијана Будисављевиќ“ (2019) од режисерката Дана Будисављевиќ, а самиот настан ќе биде збогатен со две изложби меѓународната ликовна изложба: „Будење, и изложбата на студентска фотографија „Кршење на обрасците“.
Целата програма може да ја погледнете во продолжение. Влезот е слободен.