„Донирај за организацијата чија работа ти се допаѓа или поддржи некој од тековните краудфандинг кампањи“, е пораката што првично се затекнува на еCrowd.mk. Се работи за нов краудфандинг сервис за македонски непрофитни проекти и организации.
Сервисот е развиен од Центарот за економски анализи во соработка со Innohub и партнерски организации.
Тие ги повикуваат граѓаните преку сервисот да се информираат за тековните кампањи и работата на организациите.
„Одберете ја каузата која сакате да ја поддржите. Донирајте во добри каузи!“, повикуваат од ЦЕА.
На краудфандинг сервисот во моментов е активен првиот проект за донација. Се однесува за акцијата на извидниците од Првиот скопски извиднички одред кои собираат средства за доградба на соба во Шумското домче во Мала Река.
На сервисот има и опции за поставување проекти од различни теми, како на пример за наука, економија, уметност, здравје, ранливи групи и останати каузи.
Во изработката на платформата свој придонес дале и од Банка за храна Македонија и Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.