Џез и бразилска музика во „Магор“ преку викенд

Вечерва (петок), со почеток од 22 часот, во кафе-книжарницата „Магор“ ќе се претстават Филип Димишковски на клавијатура, Дионис Стратров како бас и Јовица Георгиевски на тапани кои ќе ја анимираат публиката со произведување на џез музика.

Додека, во сабота (13 декември), во кафе-книжарницата ќе се одржи вечер на „Nova Bosa Nova“ со бразилски звуци кои ќе ги создава Родриго Мираваљес.